Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ
Таравари и’ треба и е дел од Вреди, но мора да одлучи на кое столче ќе седи, дали заедно со нас или со ДУИ на Ахмети, повтори и денеска вицепремиерот и еден од лидерите во албанската коалиција Изет Меџити. Иако Меџити отворено не кажа дали Вреди е против втор албански партнер во Владата доколку Таравари се одлучи да се оддели од нив, сепак, посочи дека тоа би значело влез на фактори од ДУИ на Илинденска што е неприфатливо.
Меџити објасни и дека претопувањето на Алијанса на Албанците, Демократско движење, БЕСА И Алтернатива почнало одамна и дека Таравари е целосно запознаен со процесот, а сега е време и за формализирање во една партија.
Таравари, вчера рече дека не ги сака улитматумите, но дека остава простор за разговор со останатите лидери на Вреди. Доколку се формира партија тогаш неговата Алијанса е подготвена да соработува, но ако не се договорат тогаш ќе има самостоен настап на локалните избори.
По информациите, пак, за некаква промена на ресорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на Максим Димитриевски, особено за ресорот правда, денеска Филков демнатираше негова смена.
Мицкоски неколку пати досега коментираше дека односите во владина коалиција се добри и стабилни, а негираше можна реконструкција пред локалните избори.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар