Кошарка
22. February 2016 - 10:12

Мега му го „украде“ купот на Партизан

Кошаркарите на Мега Лекс со извонредно второ полувреме  го победија Партизан со 85-80 за триумф во српскиот куп на завршницата во Ниш.

Ова е прв трофеј за Мега Лекс екипа која обезбеди и учество во завршниот плеј-оф од АБА лигата. Партизан имаше +7 највисоко водство но противникот со извонредна серија од 9-0 во последните три минути успеа да го сврти резултатот и да се израдува на трофејот „Радивој Кораќ со што ја прекина доминацијата во купот на Звезда и Партизан.