-->
-->
Меѓународен ултрапланински маратон „Крали Марко Trails“
-->

Во сабота и недела, на 26 и 27 септември по петти пат ќе се одржи меѓународниот ултрапланински маратон „Krali Marko Trails“ во Прилеп.
Како што соопштија денеска на прес-конференција во локалната самоуправа во Прилеп, маратонот опфаќа три трки. Две во сабота и една во недела, а ќе учествуваат околу 170 луѓе од седум држави, информира Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон „Krali Marko Trails“.
-Двете подолги трки што ќе се одржат в сабота се на 65 и на 31 километар, а в недела е трката од 16 километри за младите учесници. За сите трки тргнувањето е од амфитеатарот во населбата Варош, се трча кон Трескавец, потоа се оди кон селото Дабница, па Прилепското езеро и потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Оттука, учесниците слегуваат кон селото Крстец, па кон манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп. Ова се точките кои треба да се поминат доколку учествувате на најдолгата патека од 65 км, истакна Панковски и додаде дека учество ќе земат маратонци од Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД, Британија и од Македонија.
Според Панковски ова е најдолгиот планински маратон во Македонија и трката е влезена во светските листи на планински трки.
- Секој кој ќе ја заврши трката добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, вели Панковски.
На двете големи трки може да учествуваат сите над 16 годишна возраст, за оние од 16 до 18 години е потребна согласност и на родителите, а на помалата трка в недела од 16 километри може да учествува секој кој наполнил 12 години. Најмладиот учесник има 13 години.
За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, градот веќе докажано ги негува екстремните спортови и е на меѓународната туристичка мапа.
- Покрај ултра маратонот, Прилеп има неколку екстремни спортови кои ги негува во последниве неколку години. Секоја година имаме се повеќе учесници од странство, а тоа придонесува за развојот на тој алтернативен или спортски туризам. Покрај ултрапланинскиот маратон имаме и болдеринг, светски куп во параглајдерство и „Мото крос“ трка која е кон крајот на овој месец, вели Ристески.
Победниците на овие трки ќе добијат медали, плакета и спортска опрема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
