Меѓународниот ден на мајчиниот јазик одбележан во Кисела Вода
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, денеска во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа културнa манифестација, на која ученици од општинските основни училишта читаа лични литературни творби преку кои испратија пораки за негување на македонскиот јазик.
На манифестацијата, во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт пред пристуните за значењето на јазиците говореше Весна Костовска, виш научен соработник од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.
Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, на учениците кои твореа на тема „Негувањето на мајчиниот јазик е наш долг и наше наследство“ за победничките литературни творби им подели благодарници. Благодарница и беше доделна и на Весна Костовска од Институтот за македонски јазик.
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули