Свет
30. August 2016 - 17:40

Меј: Според закон, премиерот не е должен да се консултира со Парламентот за спроведување на Брегзит

Според закон, британската Влада не е должна да се консултира со Парламентот за отпочување на процедурата за излез на земјата од ЕУ, изјави портпарол на британскиот премиер Тереза Меј.

Премиерот има надлежности да се повика на член 50 од Лисабонскиот договор, со кој може да се отпочне официјална процедура за излез на земја-членка од ЕУ без да се побара гласање во Парламентот.

- Нема законска обврска да се консултира Парламентот за употреба на членот 50. Оваа позиција е многу добро позната. Ние јасно кажавме дека Парламентот ќе има можност да се изјасни околу својот став, истакна портпаролот.