-->
-->
Мексикански медиуми: Претседателот Нието го плагирал дипломскиот труд
-->

Мексикански медиуми го обвинија претседателот Енрике Пења Нието дека плагирал речиси 30 отсто од неговиот дипломски труд на Правниот факултет во 1991 година.
Порталот „Аристегуи Нотициас“ објави, врз основа на истражување, дека 29 отсто од трудот на Нието е потпишан од друг автор.
Меѓу останатото, Нието наводно препишал „од збор до збор“ и без цитирање, 20 параграфи од книгата на поранешниот претседател Мигел де ла Мадрид, јави Танјуг.
Портпаролот на претседателот изјави дека Нието направил некои грешки, но дека неговиот дипломски труд не е плагијат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
