Loading Video...
Свет
28. January 2023 - 16:33

Мемфис објави видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат Тајр Николс

Американскиот град Мемфис објави видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот афроамериканец Тајр Николс на 7 јануари а кој по три дена подоцна им подлегнал на повредите.  Снимките се од полициските камери кои службениците ги носеле на себе и од  надозрната  камера на улицата.   Тој бил запрен во рамките  на сообракјан контрола на само 80 метри од неговиот дом.

По неговата смрт, полицајците , исто така со темна боја на кожата,  се обвинети за убиство од втор степен. Собири против  полициската бруталност синока се одржаа во Мемфис, Вашингтон и Њујорк.

Три лица загинале  а најмалку едно се води како изчезнато во поплавите предизивкани од рекордните количини врнежи во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд. Дождот ги затвори автопатиштата и аеродромот и поплави  многу куќи и други објекти. Вонередна сосотјба е на сила во градот со 1, 6 милиони жители.

Цел живот сум во оваа заедница, 45 години. Никогаш не сум го видел градот ваков.

 Премиерот Крис Хипкинс  посети   дел од  поплавените  куки и вети помош за погодените жители.

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс тврди дека не знаел дека има доверливи владини  документи во неговиот дом во Индијана и дека ја презема целосно одговорноста за нарушувањето на безбедноста. Пенс вели дека ги открил записите мината недела кога решил да го претресе својот дом. Претходно доверливи записи беа откриени и во куќи на  претседателот Бајден и на екс претседателот Трамп.  Претседателите и потпретседателите на САД се обврзани да ги вратат владините документи во националните архиви по завршувањето на нивниот мандат.