Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО во неговата „сегашна форма“

Конзервативецот Фридрих Мерц, чија коалиција ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија, вчера веднаш по победата изрази сомнеж за тоа дали НАТО ќе опстане во својата „сегашна форма“ до самитот во јуни, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Европа мора да воспостави независни одбранбени капацитети.
- Никогаш не би помислил дека ќе морам да кажам вакво нешто во телевизиска емисија, но по изјавите на Доналд Трамп од минатата недела. . .
Јасно е дека на оваа влада не и е многфу грижа за судбината на Европа, изјави синоќа Мерц по победата на изборите.
Осврнувајќи се на самитот на НАТО закажан за јуни, Мерц рече дека го интересира „дали тогаш сè уште ќе зборуваме за НАТО во неговата сегашна форма или ќе треба многу побрзо да воспоставиме независна европска одбранбена способност“, пренесоа британските медиуми.
Мерц во петокот рече дека Германија ќе мора да се соочи со можноста Трамп да не го почитува целосно ветувањето на НАТО за меѓусебна одбрана.
Мерц додаде дека ова значи дека Берлин можеби ќе треба помалку да се потпира на САД за нуклеарно одвраќање и повика на разговори со европските нуклеарни сили Франција и Велика Британија за проширување на нуклеарните заштитни мерки.
Ново на Сител
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
