Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија

Лидерот на Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц, за кој се очекува дека ќе стане канцелар на Германија, денеска најави политички договор за собирање стотици милијарди евра дополнителни средства за одбрана и инфраструктура.
– Со оглед на заканите за нашата слобода и мир на нашиот континент, правилото за нашата одбрана сега мора да биде да направиме се што е потребно, рече тој.
Мерц информира дека заедно со очекуваните коалициски партнери од левиот центар следната недела ќе ги претстави новите предлози во Парламентот.
Тој, исто така, ја истакна потребата од зголемување на трошоците за одбрана поради „неодамнешните одлуки на американската влада“, но не наведе детали, иако претходно го критикуваше односот кон украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.
Тој рече дека Германија смета на САД да ги поддржат „заемните сојузнички обврски, но исто така знаеме дека ресурсите за нашата национална одбрана и одбраната на алијансата сега мора значително да се прошират“.
Мерц рече дека ќе стори „се што е потребно“ за да ги заштити слободата и мирот, повикувајќи се на ветувањето на поранешниот италијански премиер Марио Драги да го спаси еврото во 2012 година, кога тој беше претседател на Европската централна банка.
Би-би-си наведува дека во центарот на предлогот на Мерц е специјален фонд од 500 милијарди евра за помош на инфраструктурата на Германија, како и олеснување на строгите буџетски правила за да се овозможи инвестирање во одбраната.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
