Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио

Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пренесува ДПА.
„Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот поткаст Machtwechsel, што ќе биде објавен во целост подоцна денеска.
Мерц во него забележа дека говорот на Рубио не бил толку конфронтациски како оној што го одржа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на истата конференција минатата година. Меѓутоа, додаде тој, неговата содржина сепак е одраз на политиката на претседателот Трамп, само во „попријателски пакет“.
Канцеларот ја објасни реакцијата на публиката со фактот дека присутните беа задоволни што пред нив стоеше Американец, кој сепак им се обраќа како пријатели. „Самото тоа предизвика одредена емоција. Не би ми било доволно, но очигледно беше за салата“, рече Мерц.
Во Минхен, Рубио се залагаше за ревитализација на трансатлантското партнерство, но, истовремено, јасно стави до знаење дека таквата соработка ја гледа само под условите што ги диктира администрацијата на Трамп, пренесува ДПА.
Говорот на Рубио во баварската престолнина, во кој тој нагласи дека „САД и Европа си припаѓаат едни на други“ и дека судбините на двата континента „секогаш ќе бидат испреплетени“, беше дочекан со силен аплауз од публиката.
Иако постојано нагласуваше дека Вашингтон сака да соработува со Европа, Рубио сепак предупреди дека овој сојуз треба да се поправи. „Не сакаме слаби сојузници и не сакаме да бидеме учтиви и тивки чувари на пропаста на Западот“, рече тој.
Зборувајќи за миграцијата, тој рече дека Западот може да напредува само ако ги контролира своите граници. „Тоа не е израз на ксенофобија, туку фундаментален чин на национален суверенитет“, нагласи тој. Тој ги критикуваше политиките за климата и миграцијата на претходните американски администрации и некои западни лидери, велејќи дека „климатскиот култ“ ги осиромашил луѓето и претставува „закана за нашата иднина“.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
