Македонија
4. July 2018 - 10:52

Мерцедес удри во велосипедист во Скопје - полицијата трага по возачот

На ул.„Цветан Димов“ во Скопје ноќеска во 00:30 часот патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато машко лице, удрило во  велосипед, управуван од А.А. (1987) од Скопје, по што го напуштило местото. Од ударот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.