Loading Video...
Ф1
15. August 2020 - 16:32

Мерцедесите со Хамилтон и Ботас од првиот ред го започнуваат шпанското Гранд-при

 
 
На патеката „Каталуња“ крај Барселона, утре ќе се вози шестата трка во Формула 1 првенството , шпанското Гранд-при, на кое од пол-позицијата ќе започне Луис Хамилтон кој денеска оствари најдобро време во квалификациите. 
 
Актуелниот шампион и лидер во Генералниот поредок, Хамилтон, за кого ова е 92-ра пол-позиција во кариерата, а четврта сезонава, оствари најбрзо време, оставајќи го зад себе тимскиот колега Валтер Ботас. 
 
Зад тандемот на Мерцедес, ќе биде Макс Вестапен кој минатата недела победи на Силверстон, додека по возачот на Ред Бул ќе бидат пилотите на Рејсинг Поинт, Перес и Строл, а третиот стартен ред ќе биде пополнет со уште еден болид на Реад Бул во кој ќе биде Александер Албон. 
 
Ферари уште еднаш имаше очаен настап, па Леклерк ќе започне како 9-ти, а две места зад него ќе биде Фетел. 
 
Стартот на утрешната трка за Големата награда на Шпанија е во 15 часот и 10 минути.