Свет
8. October 2015 - 8:17

Меркел со непроменет став за членството на Турција во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека е против полноправно членство на Турција во Европската унија.

Таа во синоќешното гостување во телевизијата АРД посочи дека секогаш била против полноправното членство на Турција во ЕУ и оти нејзиниот став не е сменет.

Меркел наведе и дека е неопходно да се поддржи дијалогот со Турција за решавање на миграциската криза со која се соочува Европа.

- Ние имаме потреба едни од други, истакна Меркел.