-->
-->
Меси: Синовите ме критикуваат кога не играм добро
-->
Капитенот на Барселона, Лионел Меси откри дека често ја дискутира својата игра и онаа на тимот со своите синови Тиаго и Матео.
– Двајцата многу го сакаат фудбалот. Тиаго разбира повеќе, бидејќи е поголем и зборуваме за се што е поврзано со играта. Понекогаш ме критикува за мојата игра на теренот. Тој ја следи Барселона, Ла Лига и Лигата на Шампионите. Сака да ми поставува прашања и да критикува, кога работите не одат добро, рече Лионел Меси, цитиран од „Марка’.
Тој додаде дека кога Барса ги губела мечевите, во нивниот дом не се зборувало за фудбал, но сега работите се поинакви.
– Сега Тиаго сака да коментираме и да му објаснам зошто сме изгубиле, рече уште Меси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
-
Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна
-
Кривична за 78-годишник за мачење животни
-
Почина затвореник од Идризово
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола