Мета на заедничка вечера со Патријархот Кирил

Хармонијата, взаемното почитување, толеранцијата, разбирањето и солидарноста се карактеристиките на односите помеѓу верските заедници во Албанија и најскапоценото богатство на историското и националното наследство на земјата. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на насилни идеи и цели.
Таа порака ја упати албанскиот претседател Илир Мета синоќа на официјалната вечера што ја приреди во чест на Патријархот московски и на цела Русија Кирил по повод неговата историска посета на Албанија.
- Живееме во тешко време на социјални пресврти и брза трансформација на технологија и комуникација кои се секојдневен предизвик на секој поединeц, семејства, општества, влади, држави и верски институции. Јазикот на омраза, насилство, нетолерантни акти, манифестации на дискриминација врз основа на верски и етнички предрасуди, тероризмот, екстремизмот, конфликти и војни со тешки хуманитарни последици денес се се најголема опасност за човештвото. Религијата и вероисповеста имаат незаменлива улога во изградбата на траен и универзален мир меѓу луѓето и народите. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на идеи и насилнички намери. Таа треба секогаш да им служи на мирот, љубовта, солидарноста и хармонијата,бидејќи како што не учат светите книги, Бог е мир а не насилство, рече Мета искажувајќи искрена радост и задовлство од престојот на Патријархот Кирил во Албанија.
Патријархот Кирил ги нагласи добрите односи меѓу двете православни цркви, но и меѓу верските заедници и државата во Албанија.
- Ова е прва посета на Албанија во историјата на приматот на Руската православна црква. Но, и покрај тоа, Православните Цркви на Русија и Албанија имаат долга традиција на најдобри односи. Нашите цркви не само што споделуваат заеднички верувања и имаат преживеано слични искуства од суровите прогони во дваесеттиот век, исто така имаат и заеднички ставови во врска со главните прашања денес, демонстрирајќи го единството на Православието. Неговото блаженство, архиепископот Анастас Јанулатос останува секогаш љубен и скап пријател на Русија. Чувствувам посебно задоволство во душата поради високото ниво на односите меѓу црквата и државата во Албанија.Тоа не само со православната црква туку и сите други верски заедници кои се верни партнери со државата во каузата за зацврстување на моралот во оштеството. Тоа е предуслов за хармонија меѓу луѓето и меѓу разните општествени групи, порача патријарх Кирил, заблагодарувајќи се за срдечниот пречек и посакувајќи мир и благосостојба за граѓаните на Албанија.
На вечерата, освен поглаварите на црвите на двете земји,присуствуваа и претставници на другите верски заедници во Албанија, на владата,како и рускиот амбасадор во Тирана.
Рускиот великодостојник денеска ќе има официјални средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама, а пред заминување ќе го посети и новиот манастир „Св. Влаш“ во близина на Драч и Теолошката православна академија која се наоѓа во кругот на манастирот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
