Loading Video...
Ракомет
23. February 2021 - 16:57

Металург гостува кај Фајверс

 
Откако во саботата играа дуел против Чеховски Медведи, вечерва ракометарите на Металург гостуваат кај австрискиот тим Фајверс во рамките од ЉА групата на Европската лига. 
 
Тимот од Автокоманда со само еден нерешен резултат и дури шест порази е на последното место во својата група, со три бодови помалку од вечерашниот противник кој е една позиција пред Металург, односно петто пласиран. 
 
Единствениот бод кој досега го освои нашиот претставник во ова натпреварување, е токму во дуелот против австриската екипа против која во Скопје кон крајот на декември месец минатата година одигра нерешено 33:33. 
 
Како и на натпреварот против Чеховски Медведи така и на вечерашниот металург ќе настапи без неколкумина стандардни првотимци, односно 
бидејќи во тимот ќе ги нема Златко Хорват, Велко Маркоски, Теодор Тодески и Милан Лазаревски, додека а позитивна вест за металурзите е враќањето во тимот на средниот бек Тарабокија кој против Чеховски Медведи во саботата имаше солиден настап.
 
Вечерашниот дуел во Виена, меѓу Фајверс и Металург ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.