Loading Video...
Ракомет
15. February 2021 - 16:35

Металурзите остануваат со десетмина за вториот меч против Висла

Тимот на Металург на гостувањето кај Висла Плоцк го загуби првиот дуел од двомечот. 
 
И онака десеткуваниот состав со гој металурзите со кој отпатуваа во Полска, за вториот натпревар останува без екс-репртезентативецот Велко Маркоски кој се  повреди на почетокот на второто полувреме. Тој сигурно ќе го пропушти вториот натпревар, а по враќањето во Скопје ќе биде познато колку време ќе паузира
 
Без разлика на убедливата победа (38-19), тренерот противникот искажа почит кон металурзите за достоинствената прикажана борба.  
 
„Би сакал да му честитам на противничкиот тим. Имав на располагање само 11 ракометари, уште еден се повреди на мечот. Повеќето се млади. Се боревме тешко да играме нормално, ама е тешко да се игра така во овие услови“, изјави тренерот на Металург, Оливер Димитриоски.
 
Вториот натпревар Металург и Висла ќе го одиграат утре од 18:45 часот