МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност

РС Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи, информираат од Министерството за финансии (МФ).
Потврдата на рејтингот, како што велат, претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди континуитет во водењето на економските политики, дури и во услови на зголемена глобална економска неизвесност.
-Во извештајот, „Стандард и Пурс“ нотира дека економскиот раст забрзува, поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во рамки на големите инфраструктурни проекти, како и од растот на приходите на домаќинствата преку зголемување на платите и пензиите, велат од МФ.
Агенцијата, додаваат, очекува економскиот раст да достигне околу 3,5 проценти во 2026 година, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3 проценти, со постепено зголемување на улогата на приватните инвестиции и надворешната побарувачка.
-Агенцијата ја нотира и определбата на Владата за забрзување на економскиот раст преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, како и заложбите за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на деловното опкружување, поефикасна наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија. Во извештајот се наведува дека политиките се насочени кон поддршка на домашната побарувачка, преку раст на платите и пензиите, како и продолжување на фискалната консолидација, се наведува во соопштението.
Со усвоениот Буџет за 2026 година како што е наведено во извештајот се предвидува умерено намалување на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 3,5 отсто од БДП, при задржување на високо ниво на капитални инвестиции.
Приходите се очекува да растат побрзо од расходите, како резултат на подобрена наплата и солидна економска активност, додека расходната страна останува ориентирана кон капитални инвестиции во инфраструктурата, како и плати, пензии и социјални трансфери.
Агенцијата оценува дека фискалната консолидација е во тек, иако јавниот долг останува повисок во споредба со периодот пред пандемијата.
-„Стандард и Пурс“ во извештајот наведува дека надолните ризици поврзани со надворешното опкружување, особено економските движења во Европската Унија, се во голема мера избалансирани со отпорноста на домашната економија, стабилноста на финансискиот систем и претпазливиот пристап на монетарната политика, прецизираат од МФ.
Агенцијата, нагласуваат, во извештајот исто така нотира дека понатамошниот напредок во спроведувањето на институционалните и структурните реформи, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, може дополнително да ја зајакне економската и фискалната позиција на земјата и да придонесе за подобрување на кредитниот профил.
Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати годишно од страна на „Стандард и Пурс„ како и од агенцијата „Фич“. Тој претставува клучен индикатор за инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање.
МИА
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
