Мицевски: Носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, не сме консултирани за тајмингот на Жан Моне
– Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претставници на пратеничката група на партијата нема да присуствуваат на денешнара средба на Работната група на Жан Моне процесот поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајмингот за одржување на состанокот и поради претходно закажани обврски. Мицевски за МИА изјави дека процес на носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес.
– Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.
Пратениците од опозициската партија, според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието ќе го почитуваат и постоечкиот Деловник што, за жал, не се случува.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Процесот започна пред неколку години со посредство на европратеници.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
