Мицевски разликата од неговата плата до минималецот ја уплати во фондот за борба против Ковид-19
Градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, информира дека разликата од неговата плата до минималната плата од 14.500 денари денеска ја уплатил во фондот за борба против Ковид-19, сакајќи со тоа да биде пример и останатите кои се во можност да го сторат тоа.
– Живееме во време во кое секој од нас треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери, секој од нас поединечно, треба да предничат во тоа чувство на одговорност.Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, моето лично право не може никој да го укине. Поради тоа, разликата од мојата плата до 14.500 денари, сума од 36.000 денари, ја уплатив во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19, изјави Мицевски.
Во Крива Паланка имаше вкупно четири лица заболени од Ковид-19,од кои три се веќе излекувани.
Мицевски порача граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните.
– Од вкупно четири регистрирани заболени од Ковид-19 во Општината, тројца се веќе излекувани, а состојбата и на четвртиот пациент кој се лекува во болницата „8 Септември” во Скопје се подобрува. Апелирам граѓаните да ги почитуваат препораките, бидејќи секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде кој било од нас. Секој е важен. Секој човек е важен, порача Мицевски.
Додаде, во контекст на помош на населението, преку донации, општинскиот кризен штаб обезбедува маски за граѓаните кои во соработка со Црвениот крст се делат бесплатно на граѓаните.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје