Loading Video...
Свет
1. December 2021 - 12:28

Мичиген: 15-годишно момче со полуавтоматско оружје уби тројца соученици и рани осум лица

Момче на возраст од 15 години во средно училиште во американската држава Мичиген пукајќи од полуавтоматско оружје уби тројца негови соученици и рани уште 8 други лица, меѓу кои и еден професор. 

Убиени се 16-годишно момче и по едно 14 и 17 годишно девојче. Се верува дека осомничениот ученик во втора година во училиштето делувал сам а при апсењето пружал отпор.

Претходно, испукал 15 до 20 куршуми а целиот инцидент траел 5 минути.

Претседателот Џо Бајден изрази жалење и сочувство до до семејствата. 

Гувернерката на Мичиген истакна дека пукањето во средното училиште е ужасно и дека мора да се најде начин да се запрат ваквите инциденти кои зачестија изминативе години на целата територија на САД.