Мицкоски: Ако Гаши мисли дека иднината на Македонија е Влада предводена од СДСМ, жалам имаме различен став
На денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Илинден на новинарско прашање за очекувањата од денешната средба Заев-Гаши тој рече дека доколку Гаши мисли дека Влада предводена од СДСМ е иднината на Македонија имаат различен став.
- Па јас сега не би можел да бидам во чевлите на господин Гаши и на господин Заев, претпоставувам тие ќе имаат дискусија околу тоа каква ќе биде понудата на Заев, каков ќе биде одговорот на Гаши, можеби после средбата јавноста ќе биде запознаена со текот на средбата. Јас ги знам ставовите на господинот Гаши бидејќи имаме дневна комуникација за фукционирањето на оваа Влада, но тој е претседател на политичка партија која што си има своја структура има раководство, соработници и претпоставувам ќе одлучи најдобро и ќе донесе одлука која што ќе биде најдобра за неговото членство, за граѓаните на Македонија, но и за иднината на Македонија. Доколку тој мисли дека иднината на Македонија Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, тогаш жалам но ние имаме различен став по тоа прашање и мислиме дека таква Влада што ќе ја предводи СДСМ не само што не е иднина, туку е враќање во минатото, враќање во неуспесите, нереформите, криминалот, корупцијата, неуспесите во здравството, неуспесите во образованието, неуспесите во економијата, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство