Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%, вели премиерот Мицкоски. Овие прогнози, тој ги темели на, како што рече, консолидацијата на ЕСМ, ископаниот јаглен во РЕК Битола и увезениот по 20% пониска цена, како и поевтиниот гас.
- „Не очекувам да има зголемување, не знам, од 10, 15, 20% како што е тоа случај со многу држави во регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да биде незначително, во рамките од 1 до 3%. Не очекувам поголемо од тоа да биде“ – Христијан Мицкоски, премиер
Колкави ќе бидат сметките на граѓаните најмногу зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум. Во моментов, ЕСМ ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач по цена од 60 евра за мегават час. Новата понуда, пак, треба да ја достави во петок.
- „Тука некаде ќе се движи. Плус, минус две евра. Меѓу 58 и 62 евра. Се прават анализи меѓу бројки“ – Христијан Мицкоски, премиер
Новата цена на струјата ќе важи од први јануари. Засега е неизвесно дали и кога граѓаните ќе добијат еден час плус дневна евтина тарифа, односно наместо од 13 до 15, да трае до 16 часот.
На почетокот од годинава беше воведена фиксна давачка за „пристап до мрежа“ од 200 денари – ставка за која ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања вети дека ќе ја укине.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар