Македонија
1. January 2022 - 19:04

Мицкоски: Беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа се осврна и на прашањето за спорот со Бугарија за што вели за нас беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ.

„Радев вели дека е едно од барањата да се вклучат Бугарите во Уставот на Македонија, што значи целата сказна нема да заврши тука. И тоа е навреда за нас и наместо да зборуваме за европски вредности ние зборуваме за национал романтични идеи. Знаете Заев даде едно интервју во кое рече дека Бугарите не се окупатори, туку администратори. Ние повикаме на протести на кои народот излезе на улица, извршивме притисок и Заев ретерираше“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има и најголема одговорност.

„За нас беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ. Ценам дека со активностите ВМРО-ДПМНЕ придонесе да нема таков будалест договор. Преговори треба, ама не и асимилација“, посочи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ