Мицкоски: Целта на опозицијата е рушење на оваа ненародна, анационална власт

ВМРО-ДПМНЕ е поцврста од било кога, на нозе сме, рамо до рамо заедно со народот и цврсто чекориме кон својата цел изјави вечерва претседателот на партијата Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата „Јади Бурек“, додавајќи дека целта на опозицијата е рушење на оваа ненародна, анационална власт.
-Јасно ја гледам таа крајна цел. Тоа го покажуваат и анкетите. Тоа го покажуваат и средбите со граѓаните на терен, дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на нозе повторно и дека ВМРО-ДПМНЕ граби кон вистинската траекторија и тоа е до конечно рушење на оваа ненародна и анационална власт која што во моментов за жал на Македонија и на граѓаните на Македонија ја води владата. Но, тој пат повторно ќе кажам ниту ќе биде лесен, ниту брз, ниту едноставен, вели Мицкоски.
На прашањето- зошто ВМРО-ДПМНЕ не делува порадикално во овие тешки моменти за државата, лидерот на опозицијата потенцира дека по патот треба да се чекори мудро, анализирајќи го секој чекор.
Според Мицкоски, радикализацијата на опозицијата оди во прилог на сите оние на кои не му мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека опозицијата тоа го антиципирала како можен ризик и одлучила тоа да го превенира.
-Јас сум свесен дека сега доаѓа период кога ќе се измислуваат работи за мене, кога ќе се прават конструкции, ќе има разно разни притисоци, мешетарења, лево, десно, врз ВМРО-ДПМНЕ и врз Христијан Мицкоски. Но, ние мораме да сфатиме некои работи, дека не може нештата на сила да се тераат. Не може нешто што ветувал Зоран Заев, а што не може да го исполни, два милиона луѓе да ги носат последиците од тоа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека нема притисоци, туку реални односи со меѓународната заедница и различни аргументирања, истакнувајќи дека се командува од мотивот и чиста цел. -Никој не може да притиска кога станува збор за ваше внатрешно прашање кое што вие треба самите да си го решите, рече тој.
Мицкоски потенцираше дека во наредниот период ќе бидат објавени анкетите за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна предност пред СДСМ.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
