Бизнис
3. August 2020 - 19:38

Мицкоски: Државата ја втурнаа во црвената зона на презадолженост

Над 248 милиони евра стојат непотрошени во буџетот. Од парите наменети за капитални инвестиции за половина година се потрошени само 72 милиони евра или 22,6% од вкупната сума. Има институции кои не потрошиле ни еден денар од овие пари кои се наменети за потткнување на растот не економијата. Меѓу нив е и Агенцијата за промоција на туризмот и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделствто во Битола. Не троши ни Министертсвто за еконмија, за 6 месеци од речиси 2 милиони евра со кои располага, потрошени се замо 37.500 евра.

И додека парите од буџетот стојат, опозицијата реагира дека долгот расте и дека власта ја турка државата во црвената зона на презадоженост.

„За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра. Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп. Овие пари со кои нѐ задолжуваат сите нас, се парите кои се потрошени за корумпирање за избори, затоа што ништо друго не е изградено. “, напиша на ФБ лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.  

Од Министертсвто за Финансии објаснуваат дека долгот е зголемен зарди повлекувањето пари преку еврообврзницата и заемот од ММФ. Овие пари беа потрбени за одржување на ликвидноста во време на корона криза. За до крајот на годината пак, има уште неколку поголеми сметки кои државата треба да ги плати. Во декмври за наплата доспеваат 310 милиони евра за евробврзницата од 2015 и за заеми од домашните комерцијални банките. Се на се, очекувањата се дека до  крајот на годината јавниот долг ќе се задржи на 59,6 посто од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6 отсто од БДП.