Македонија
30. March 2024 - 16:43

Мицкоски: ДУИ во опозиција, државата назад кај граѓаните

Ова се историски избори на кои граѓаните мора да си вратат државата назад, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ветува бескомромисна борба со криминалот и корупцијата, а прва цел е ДУИ да заминат во опозиција.

Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат. И свесен сум дека тие секогаш тоа го извртуваат и го толкуваат како напад Албанците, но и тие треба да ја искористат мислам на Албанците оваа шанса да му испратат јасна порака порака на Али Ахмети и ДУИ дека готово е. Мора најпрвин да отидат во опозиција, а потоа да се соочат со одговорност за сето она што и го направија на Македонија и на граѓаните на Македонија.

А потоа јас ви гарантирам и ви давам збор ќе одговараат за секоја солза, за секоја пролеана солза на мајка, баба, сестра, за чедото кое ја напуштило Македонија затоа што се чувствувале граѓани од втор ред, затоа што некој им ја украл иднината, порача Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги промовираше кандидатите за пратеници, од кои најголем број се дел и од актуелниот собраниски состав. Мицкоски вели дека ова е тимот кој ќе донесе промени, ќе работи во интерес на граѓаните и ќе реализираат над 1000 проекти. За убедлива победа, вели потребна е масовна излезност на избори.  

Одговорноста е огромна, немојте да го разочарате народот. Нема да дозволам годините поминати за враќање на довербата да бидат прокоцкани. Лично мене ќе ме имате како противник доколку било кога и било каде направите чекор со кој ќе нанесете штета и болка на било кого. Нема потфрлање и одиме напред кон промени кои мораме да ги донесеме. Да ги вратиме вредностите во политиката да им покажеме на луѓето во што веруваме, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја официјализираше колацијата Твоја Македонија со 24 помали политички партии. Иако дел од коалицијата станаа партиите на Павле Трајанов, Стојанче Ангелов, Љубе Бошковски, Петар Богоевски и Солза Грчева, ниту една од нив не доби пратеничко место. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ за коалцијата отстапи 5 места во Собранието, две за Социјалистичката партија на Македонија, две за Демократската партија на Србите и едно место за Движењето за национално единство на Турците.