Македонија
20. September 2023 - 16:32

Мицкоски и Груевски во јавна преписка - кој работи за државата, а кој за поделба на партијата?

Се што имам да ти кажам, ќе ти кажам во очи, но треба да знаеш дека нема да дозволам лични договори и аранжмани на сметка на Македонија. По интервјуто во германски весник, опозицискиот лидер Мицкоски и на социјалните мрежи го обвини екс премиерот Груевски дека се договорил со власта да лобира за внесување на Бугарите во Уставот во замена за аменстија.

Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време – напиша Мицкоски на Фејсбук, по што доби поддршка од партиското раководство. Веднаш по него, на социјалните мрежи поддршка му дадоа партиските потпретседатели и членовите на раководните тела во партијата. 

По вчерашното барање за појаснување, Груевски попладнево повторно се јави на социјалните мрежи. Го обвини Мицкоски дека самиот креира раздор во партијата
Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас. 
Напишал дека сум сакал да создавам раздор и тој не сакал јавно да се препукува, ќе ми кажел во четири очи. А ме нападна преку најпознатиот германски медиум.
Јас знам, а и јавноста, дека со ниту еден збор или потег не сум направил раздор досега. 
Екс премиерот уште од средината на минатата година во неколку наврати демантира дека преговара аменстија со власта во замена за поддршка на уставните измени. На социјалните мрежи често изразува политички ставови но до овој момент ниту еднаш не излегол со став дали треба или не треба да се даде поддршка за внесувањето на Бугарите во Уставот.