Мицкоски: Ковачевски и Груби ќе одговараат за овозможените екстра пенали за изведувачот на Коридорот 8
Тоа е шокантно, имаше и медиуми кои прикажаа докази и договорот кој го има потпишано Димитар Ковачевски и Артан Груби со фирмата изведувач. Компанијата го штити својот интерес како и секоја компанија, прашањето е колкава е вината на тие кои наместо да го штитат државниот интерес и интересот и граѓаните на Македонија го штитат интересот на приватната компанија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Зрновци, одговарајќи на новинарско прашање во врска со преземената обврска на власта да плаќа пенали ако не се донесат на законот за работни односи за продолжување на работната недела на 60 часа заради изградба на коридорите.
- Од тоа што можев да го видам во договорот кој беше приложен во медиумите е дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на тој договор не се смени законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест, пенали од миниум 53 милиони евра, рече Мицкоски.
Тој додаде дека тоа не е се, дополнително околу 2 милиони евра секој месец се до моментот додека не се промени овој закон.
- Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од власта можеби мислеле имајќи го предвид партизираното обвинителството каде еден коалиционен партнер си поставува обвинител во делот за организиран криминал и корупција и со Кацарска претседателот на Уставен суд дека ќе ја сменат својата одлука од минатото и можеби на тој начин под притисок на овие политичари ќе донесат спротивна одлука на одлуките дека е неуставно зголемувањето на работната недела.
- Ова е шокантно и јавно кажувам дека по промената на власта и по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност. Јавно им кажувам и на Ковачевски и на Артан Груби дека ќе има одговорност. Ова се средства кои ги плаќаат граѓаните и тешко ги заработуваат. Граѓаните не ги заработуваат парите со тоа што местат државни тендери и земаат дебели провизии, туку крваво заработуваат по овие ниви што ги гледаме и се молат да добијат вода, за да може да извадат денар плус да ги прехранат своите семејства и да го платат данокот кој некој го краде. За ова ќе има сериозна одговорност, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
