Мицкоски: МПЦ никој не може да го одземе, ОА е добро зашто има вековна историја, а може да се додаде и Јустинијана Прима
Добро е нашата црква да биде примена во канонско единство како Охридска архиепископија која има вековна историја, но никој нема право да и го одземе правото да си биде МПЦ, а би сугерирал да се додаде и Јустинијана Прима, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање за ставот на партијата во врска со прашањето за автокефаноста и именувањето на МПЦ-ОА.
Тој посочи дека православните цркви во канонско единство се примаат не со придавка која означува територија или држава, туку како што се на пример Атинската, Московската патријаршија, Антиохиската, Ерусалимската, Алескандриската итн.
– Никој нема право, ниту пак може на МПЦ да и го одземе правото да си биде МПЦ, па дури и според Преспа. Зошто? Затоа што таа не е финансирана од буџетот, а Македонија е секуларна држава. Јас сум убеден дека и архиепископот и Синодот ќе се држат до тој принцип и во Уставот, Статутот на МПЦ, ќе си биде МПЦ-ОА. А да во канонско единство, е добро да биде примена како Охриска архиепископија, бидејќи полагаме право на многувековна историја и различна од останатите балкански народи. Дури би сугерирал да додадат и Јустинијана Прима, бидејќи Таор е тука, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци