Мицкоски на конгрес на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата евроинтеграциска определба

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март, ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија во Брисел, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму истакнуваат дека присуството на конгресот е потврда за цврстата определба на Република Македонија за европската интеграција, како и дека таа можност ќе се искористи за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.
Според најавата, Мицкоски со делегацијата, во чиј состав се партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствува на свеченоста на Европската народна партија, која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности.
- Присуството на премиерот Мицкоски и на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите што ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамките на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и на партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
MИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
