Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Како што соопштуваат од Владината прес - служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.
Со возилата, контејнерите и кантите зa ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија во овие општини. Воедно,
-Владата во соработка со локалните самоуправи во идниов период ќе придонесе за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.
-Исто така се овозможува: значително зголемување на покриеноста со услуга за собирање на отпад во урбани и рурални средини, намалување на дивите депонии и неформалното исфрлање на отпадот, подобри услови за селекција и подготовка за рециклирање (две бои на садови за собирање на отпад, односно жолта боја за сува фракција и зелена за мократа - органска фракцција) и подготовка на системот за целосно функционирање на идната регионална депонија во Новаци односно центар за управување со отпад како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
