Мицкоски: Нека не се заканува власта, лага е дека за непопишување ќе се оди во затвор и кривично ќе се одговара
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес гостуваше во емисијата „Неделен брифинг“. Во самото свое гостување посочи дека не треба власта да се заканува на граѓаните за непопишување со казна затвор. Поради честите закани и уцени од страна на власта граѓаните единствено масовно ќе излезат и ќе се потпишат за укинување на законот за попис.
„Брутална лага е дека некој кривично ќе одговара ако одбие да се попише. Не постои такво нешто. Народот треба да знае дека такво нешто не постои. Постои рекршочна глоба која што може да се движи од 200 до 300 евра по лице“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Уставот вели дека секој е одговорен за сопственото здравје. И може да помине само со опомена ако одлучи да не ја отвори вратата.
„Уставот е една работа, а ние имаме работа со Зоран Заев. Имајте предвид дека овој човек е подготвен на се, и тој нема да го казни Оливер Спасовски и тие кои што се активисти на СДСМ, туку оние кои што се идентификувани како лошите Вмровци. Тогаш ќе ви рече каков Устав,какво здравје, не ме интересира, ќе ја укине пандемијата“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека кога тој бараше да има кризна состојба во државата, го убедуваа тогаш дека е невозможно, за да денес со месеци трае кризната состојба.
„Ние како граѓани сме незадоволни од ова бидејќи нема да биде статистичка операција, се политизира истата. Ќе поднесеме во парламентот закон, со кој што ќе побараме од парламентот да расправа и да усвои закон кој што ќе го укине законот за попис“, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право