Македонија
10. July 2024 - 16:44

Мицкоски од Вашингтон за пораките на Мицотакис: „Блокадите треба да бидат реликвија од минатото“

Светските лидери се собраа во Вашингтон, почна Самитот на најголемата трансатланска воена Алијанса. Иако Македонија и западен Блакан не се во фокусот на Самитот, македонската делегација предоводена од премиерот Мицкоски со министрите Мисаjловски, Муцунски и Тошковски  во Вашнгтон постојано е под притисок од официјална Атина која критикува за непочитување на Преспанскиот договор, но и од официјална Софија, која пак, инсистира на уставните измени.

Непосредно пред официјалниот почеток на лидерскиот церимонијален состанок по повод 75 годишнината од НАТО, како што информираат од Владата, премиерот имал средба и со членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО токму за регионалните односи.

„Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.
Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот. Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото“, информираат од владиниот кабиент за ставовите на премиерот на НАТО самитот.

Иако станува јасно дека Мицотакис нема да се сретне со Мицкоски за да му ги каже отворено забелешките за Преспанскиот договор, грчкиот премиер не се откажува од идејата да го отвори прашањето во Вашингтон.

Ставовите на Мицкоски пак, во бугарските медиуми беше протолкувана како обвинување на соседите за блокирање и закочување на зевроинтеграциите на државата.

Мицкоски вчера учествуваше на отворањето на НАТО-самитот. На семејното фото од официјалната гала-прослава по повод 75-годишнината од НАТО во воената база Ендрус, Мицкоски се фотографираше до унгарскиот премиер Виктор Орбан и до летонскиот претседател Едгарс Ринкевич. Мицотакис беше подалеку од него.