-->
-->
Мицкоски: По 12 април ќе следи одговорност за сето ова што се случуваше
-->
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека ќе ги преземат сите правни и законски чекори што им стојат на располагање за да го оспорат пред надлежните институции денешното донесување на законите во Собранието.
– Ова што денеска се случи е сè, само не правда. Сето ова е спротивно на процедурите, на Деловникот на работа на Парламентот, има основано сомневање за контрадикторности со Уставот. Донесен е закон, кој што не е донесен и закон којшто не треба да влезе во правниот систем во државата, рече Мицкоски, додавајќи дека по 12 април ќе следи одговорност за сето она што се случувало во изминатиот период.
Го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува законите поради правни недоследности бидејќи во спротивно, како што рече, ќе биде соучесник.
Според Мицкоски, денес завршува најсрамната и најкриминалната епизода во поновата македонска историја и СДСМ мора да замине од власта поради неисполнетите ветувања, криминал, корупција….
Прашан зошто не назначил нов предлог за технички министер за труд и социјална политика, Мицкоски рече дека нема намера да биде дел од играта на Заев и Спасовски и оти победата ќе биде голема со или без технички министер во Министерството за труд и социјална политика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација