Македонија
28. March 2020 - 14:33

Мицкоски понуди конкретни мерки за спас на економијата

Народната банка да престане да издава благајнички записи и наместо нив, Министерството за финансии да почне да издава државни обврзници, предлага опозицискиот лидер. Според него, на тој начин парите на комерцијалните банки наместо во трезорот на НБРМ ќе завршат во буџетот со што ќе се обезбедат дополнителни средства за справување со економската криза од корона вирусот

Мицкоски вели дека дополнителен проблем е тоа што Владата уште не крајот од минатата година креирала буџет за како што вели изборна корупција што резултирало со непродуктивни трошоци во првите месеци од годината кои според Мицкоски биле правени заради партиските интереси на СДСМ во пресрет на изборите.
Сепак, опозицискиот лидер вели дека сега не е време за политички битки и дека е подготвен целосно да и се стави на располагање на Владата за надминување на кризата

Опозицискиот лидер вели дека мерката на владата за израмнување на платата во администрацијата на ниво на минималната не е решение но сепак како што рече, искрено треба да се каже дека кратење мора да има. Според ВМРО-ДПМНЕ во март платите треба да се намалат за 10% а за следните месеци одлуките да се носат во согласност со условите. Тој порача дека сите средства кои сега на вработените ќе им бидат скратени, во иднина, како што рече до денар ќе им бидат вратени од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ