Македонија
1. February 2023 - 16:39

Мицкоски: Редовните избори не се далеку, оваа коалиција е естрадна

Влезот на Таравари во Владиното мнозинство ја натера опозицијата да се откаже од најавата за интерпелација на Владата.

Опозицискиот лидер признава дека сега потешко ќе биде да се дојде до 61 пратеник но не се откажува. Барање за распуштање на Собранието нема да има но гласањето на новите министри според него ќе биде тест за тоа дали Ковачевски ќе ја задржи власта.

Опозицискиот лидер вели дека и да останат уште десетина месеци на власт, никој не верува дека оваа коалиција може да направи нешто за да го подобри животот на граѓаните

Мицкоски пред крајот на минатата година најави мнозинство за предвремени избори кои би се одржале во мај оваа година. Рече дека ако не успее да го распушти собранието до февруари, ќе се откаже од ова барање и ќе ги чека редовните избори