Мицкоски смета дека македонската химна треба да се интонира во сите училишта во државата
Секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи на државата во која е роден, му овозможила да се образува, да формира семејство и во неа живее, изјави денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на прашање дали во сите општини каде градоначалниците се од ВМРО- ДПМНЕ ќе се инторнира македонската химна, тој рече дека ова прашање не би го партизирал и смета дека тоа треба да биде пракса не само во општините, каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО - ДПМНЕ.
-Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме, вели Мицкоски.
Тој апелира до министерот за образование ова да биде државна политика и да се реализира во сите општини, без разлика од која политичка партија и да се градоначалниците.
-Имаме држави, нашиот стратешки партнер САД, каде што има многу нации, сите стојат пред интонирање на американската химна и се горди кога ја слушаат американската химна и сите го почитуваат американското знаме. Така што оние кои не ги почитува националните атрибути на државата, во којашто живее, тогаш навистина има сериозен системски пропуст, вели Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја
-
Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира