Македонија
13. September 2023 - 16:31

Мицкоски тврди дека нема партиски пазар, уставни измени под овие услови ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати

Измените во кривичниот законик не се дел од никаков договор меѓу власта и опозицијата и тоа нема да има влијание на процесот на Уставни измени. Опозицискиот лидер денеска од Ѓорче Петров порача дека ВМРО-ДПМНЕ по овие услови ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати промена на Уставот без разлика кој се ќе биде опфатен со законските измени кои утре стапуваат на сила

Мицкоски вели дека и на последната серија дипломати кои дојдоа во Македонија им ја испратил истата порака дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се сменат се додека Бугарија не покаже волја за добрососедски односи

Секојдневните изјави на премиерот дека расте бројот на пратеници кои даваат поддршка на уставните измени, Мицкоски ги коментира како пораки за одржување на мир на Бихаќка

Мицкоски и денеска повтори дека единствен излез од кризата во која што се наоѓа земјата се брзи предвремени избори