Македонија
22. October 2021 - 16:34

Мицкоски уверува: Нема партиска поделеност околу Куманово

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата и ја очекува поддршката на сите коалициони партнери. Партискиот лидер денеска од Битола уште еднаш порача дека за Куманово партијата својата одлука ќе ја донесе утре и дека тоа не предизвикува никаков раздор во партиските редови. За коалицијата со Села и Гаши вели дека принципите не се менуваат.

Мицкоски вели дека силна поддршка од опозицијата ќе добие и Јакимовски во Карпош, а за Кичево е убеден дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане нов градоначалник

Најголемата опозициска партија утре ќе го слави Денот на ВМРО во Охрид за каде се закажани и седници на највисоките партиски тела кои ќе пресечат како ќе се постави партијата за изборната трка во оние места каде што немаат свои кандидати од кои најинтересни ќе бидат Куманово и Тетово.