Македонија
9. December 2019 - 19:16

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за јазиците според препораките на Венецијанската комисија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за јазици согласно препораките на Венецијанската комисија, најави лидерот на партијата христијан мицкоски. Иако не открива што точно содржински ќе има, Мицкоски вели дека со нив ќе се надмине правната дивбоградба која ја направил зоран заев при првото носење на законот. Лидерот на опозциската партија вели дека препораките на Венецијанската комисија се задолжителни за нас како држава кандидат за членство во европската унија.

Опозицискиот лидер ги повтори и барањата амнестиран политичар да не се занимава со политика и јавна функција, да се забрани аменстија на политичари и функционери, да се проверува имотот наоние кои се занимаваат со јавна професија и пред избори да се знае мандаторот. Мицкоски вели дека за овие барања се уште нема одговор од Заев бидејки е единствен аболициран, а активен политичар кој се надева и на идни амнестии и пратенички имунитет.

Мицкоски ја коментираше и последната анкета со која се дава прдност на партијата што ја води.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека изборите на 12 април се договорени и дека секој едностран обид на власта тие да бидат одложени ќе ја внесе државата во политичка криза.

Од СДСМ пак велат дека на секој ден на виделина, исплувувале лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните. 

Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,реагираат од СДСМ.