Македонија
4. July 2024 - 12:38

Мицкоски во посета на Гевгелија

Премиерот Христијан Мицкоски од претпладнево е во работна посета на општина Гевгелија. Според најавата на владината прес служба Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица и на означување на почеток на реконструкција на спортската сала Партизан. Двата проекти чинат околу 35 милиони денари.