Македонија
24. May 2024 - 16:37

Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада

За брзо од сега ќе имаме Влада! Ова е пораката што денеска од Струга ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј. Без да прецизира дали е веќе постигнат договор со алабанската коалиција Вреди, тој со порака за тоа што очекува од оние што ќе влезат во неговито владин кабинет.

„За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме. Многумина од вас овде се гледаат на различни позиции, функции и места, но никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот. Бидете свесни дека секое ваше потрфлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“

Упатени во преговарачкиот процес, сепак, велат дека конечен договор  со вреди нема и дека Владата треба да се очекува кон средината на јуни. Прво  ќе се прават законски измени за реорганизација и нови министерства, па дури потоа избор на владиниот кабиент  бидејќи и изменетите и  новите министерства биле дел од меѓупартиските разговори.

Во меѓувреме, од Вреди брифираат што се е во игра за нив. Спикерското столче во парламентот се уште не е конечно договорно, иако за тоа место се споменува Африм Гаши. Тој синоќа потврди дека за претседател на Собранието се преговара, но не потврди дали тоа е позиција за него.

За овој закон е потребно 2/3 мнозинство. Иако сами ВМРО-ДПМНЕ и Вреди немаат 80 гласа, сепак, уверени се дека ќе ги обезбедат со ЗНАМ  која може да влезе и во Влада, но и со гласови од коалцијата на СДСМ

- За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако, бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да им припадне на Албанците.

Гаши се двоуми за ова место бидејќи така ќе ја загуби лидерската позиција во Алтернатива.  За Алтернатива се споменува и ресорот евроинтеграции. Од министерствата Таравари веќе објави дека неговото крило наводно добива вицепремиер за добро управување и министерство за здравство. За Меџити пак, министерството за економија, кое воедно ќе биде и виепремиерско место , како и ресорот животна средина. Беса на Касами се надева на социјална политика и односи меѓу заедниците.

Но, иако ресорот евроинтеграции можно е да замине кај коалициските партнери, Мицкоски ги сепак, исцртува линииите.

„Интересно е како една заклетва на Претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на интерес. Јас сум свесен и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќање скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел“

Според роковите, конститутивната седница веќе е закажана за во вторник, додека пак, крајниот рок за избор на Владата е околу 20 јуни.