Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Деткста клиника во Скопје.
Претседателот на македонската влада посочи дека Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување.
- Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност да создаде закон кој што ќе обезбеди правична застапеност, но тоа не го направија. Тие создаваа импланти кои завршија со големи злоупотреби и измами. Таа опозиција, кога на времето беше во владата, и самите во еден извештај кажуваат дека времето на условно кажано алатката балансер е изминато и треба да се замени со нов начин за обезбедување правична застапеност. Но, кредибилитетот на тие политичари и посебно за овој закон е сведен на нула, истакна Мицкоски.
Според премиерот, целта на новиот закон е да се обезбеди професионализам, да е применлив и да не се политизира.
- Да причекаме да се произнесе Вевеницијанската комисија, а потоа сите пратеници во парламентот ќе го имаат предлог текстот и ќе може да учествуваат со амандмани и доколку формата биде усогласена истата да биде изгласана, а потоа и применета. Сакаме се да биде како што треба за тоа да не се политизира и да не се создава политичка тема таму каде што нема потреба. Ова е закон што обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, нагласи претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
