Македонија
28. August 2024 - 16:41

Mицкоски: Запрена е инфлацијата – се работи на стабилизација на институциите

Имаме ниско ниво на инфлација но би било добро кога би се намалиле цените. Премиерот вели дека во последните 2 месеци Владата е фокусирана на стабилизација на институциите

Мицкоски утрово при посетата на Македонска Каменица потврди дека вчера на владина седница поминал законот со кој пензионерите за септември ќе добијат 2500 денари повисоки пензии а уште толку ќе добијат и со пензиите за март.
На терен во Маврово Ростуше утрово беше и опозицискиот лидер. Преку соопштение констатираше дека Владата не се грижи за работниците.

„ Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за  прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите  сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се  грижи за луѓето, порача Филипче

На платите, но оние од наставниците денеска се фокусираа и во СДСМ.

За каква разочарност говори СДС, по само 2 месеци нова власт, кога тие за 4 години го зголемија долгот за 4 милијарди и направија двоцифрена инфлација и за 200% посвисоки цени, одговори ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение додавајќи дека наставниците повисоки плати ќе добијат во март идната година.