Мицотакис: Грција е столб на стабилност во југоисточниот Медитеран
Грција е земја што претставува столб на стабилност во југоисточниот Медитеран, земја која дури и во тешкиот период на економската криза одвојуваше над два отсто од БДП за одбранбени трошоци, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел пред почетокот на НАТО Самитот и додаде дека Грција од кризата излегува посилна и инвестира зголемени ресурси во нејзините воени можности, „за да биде уште поверодостојна во своите обврски кон алијансата“, јави дописничката на МИА од Атина
Мицотакис истакна дека Самитот е можност одново да се потврди евро-атлантската врска, но и да се потврди „посветеноста на заедничките вредности, принципи, но и единството на сојузот“.
-Се соочуваме со низа исклучително сложени предизвици, кои бараат ново прилагодување на стратегијата на нашиот сојуз. Ковид покажа колку се ранливи нашите општества на еден вирус кој не е ни видлив со голо око. Климатските промени, покрај економските и социјалните последници, ќе имаат значително влијание и врз безбедносните прашања, бидејќи ќе ги поттикнат миграциските бранови. И секако авторитарните режими ќе продолжат да го користат својот хибриден арсенал за да ги ослабат нашите демократски институции. Наспроти сето ова, агендата НАТО 2030 доаѓа да даде низа детални одговори, истакна Мицотакис.
На маргините на НАТО Самитот, грчкиот премиер имаше одвоени средби со премиерите на Велика Британија Борис Џонсон и на Албанија Еди Рама, а по завршувањето на Самитот ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари