Мицотакис ќе побара од претседателката распуштање на Парламентот во пресрет на изборите на 21 мај
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе се сретне со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу и ќе побара распуштање на Парламентот, по што ќе започнат и соодветните процедури во пресрет на парламентарните изборит на 21 мај, а земјата и официјално ќе влезе во предизборен период, јави дописничката на МИА од Атина.
Сакеларопулу ќе треба да потпише претседателски декрет за распуштање на Парламентот, а одлуката во текот на денот ќе биде закачена на влезната врата на Парламентот.
Партиите и официјално ќе ја започнат четиринеделната предизборна кампања, иако неофицијално веќе е во тек, со оглед на тоа дека партиските лидери ги интензивираа посетите низ цела Грција, одржуваат говори, средби со граѓани и сл.
Во пресрет на изборите следниот месец, се очекува да биде сменет министерот за внатрешни работи, кој е надлежен за изборниот процес, додека пак портпарол на грчката Влада Јанис Иконому, како што вчера објави МИА ја напушти досегашната позицијата, со оглед на тоа дека ќе биде кандидат за пратеник, а на негово место дојде државниот министер Акис Скерцос.
На крајот на март за време на владината седница, грчкиот премиер соопшти дека изборите во земјата ќе се одржат на 21 мај 2023 година.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани