Балкан
17. March 2020 - 13:44

Мигрантите уапсени по илегалниот влез во Словенија сепак не се заразени со коронавирусот

Мигрантите кои синоќа беа уапсени откако илегално влегоа во Словенија не се заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, седумте мигранти кои вчера беа пресретнати и приведени во близината на Илирска Бистрица имале висока температура и други симптоми на Ковид-19, по што веднаш се пренесени во центарот за странци во Постојна.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, тестирањето кое веднаш било направено сепак покажало дека тие не се заразени со коронавирусот, односно се работи за сезонски грип.