Микродржава по теркот на Ватикан ќе формира албанскиот претседател Еди Рама
Микродржава по теркот на Ватикан ќе создава албанскиот премиер Еди Рама.. Формирањето го најави од седиштето на Обединетите нации во говорот на Генералното собрание.. Во државата која ќе се формира во Тирана ќе живеат Бекташите кои според последниот попис во Албанија, се повеќе од 100 илјади.. Според Рама, поддршката за формирање суверена држава на Бекташкиот ред се засновала на принципите застапувани од Мајка Тереза..
„Таа ни рече дека не можеме сите да правиме големи работи, но дека сите можеме да правиме мали работи со голема љубов. Ова е нашата инспирација во поддршката на трансформација на светскиот бекташки ред во суверена држава во нашиот главен град Тирана како нов центар на умереност, толеранција и мирен соживот“, изјави Еди Рама во Седиштетот на ООН..
Потегот на Рама, во Бекташкиот ред го сметаат за почеток на нова ера на промовирање на глобалната верска толеранција.. Иако засега е непознато како ќе биде доделен суверинетот, од Бекташкиот ред очекуваат да биде идентичен како на Ватикан, управување со верските и административни прашања независно од Албанија..
„Ваквиот историски чекор има за цел да го признае редот како суверена, самоуправна држава, посветена на одржувањето на својата вековна култура на умереност и духовна вклученост“, пишува во соопшетението на Бекташкиот ред..
Државата ќе ја води поглаварот на Бекташите, Баба Монди, а државјанство би добиле само највисоките религиозни членови и поединци вклучени во управувањето со земјата..
Реагираше лидерот на опозициската Демократска партија и поранешен премиер Бериша, кој порачал дека создавањето на Бекташка држава не е за верниците туку за Рама, за како што тврди, дефокусирање од актуелните проблеми..
Бекташкиот ред потекнува од поранешната отоманска империја кој по фомрирањето на модернта турска држава, неговото седиште е преместено во Албанија..
Веста за формирање на нов Ватикан го обиколи светот, откако информацијата ја пренесоа повеќе светски медиуми..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар