Македонија
29. March 2020 - 14:27

Микропретпријатијата бараат конкретни мерки од владата, за не поволни кредити

Не можат да ја продатат стоката, а има и фамилии кои единствено егзистираат од своите дуќани, со вакви проблеми се соочуваат микрокомпаниите како последица од пандемијата. Поголем дел од нив веќе ставија клуч на врата. Бараат помош од државата, бидејќи во спротивно 20 000 вработени ќе останат без работа.

Многумина од продавници се спречени  да ја вршат дејноста, а со тоа ќе изостанат и паричните текови реализирани, кои влегуваат во буџетот по основ на даноци. Поради тоа вработените се надеваат дека владата нема да остане глува за нив.

Владата која го презентираше првиот сет економски мерки, предвидува само безкаматни кредити  во вредност од 3 000 до 30 000 за микро, мали  и средни претпријатија.